Балкан
21. јуни 2020 - 21:59

Вучиќ на пат убедливо да победи на денешните избори во Србија

Според прелиминарните резултати на денешните парламентарни избори, СНС на Александар Вучиќ освои 63,4% гласови, што ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250.

Драган Ѓилас, лидерот на движењето Сојуз за Србија, кое го предводеше бојкотот на опозицијата, изјави дека Србија денеска му кажала „не“ на режимот на Вучиќ.

Според државната изборна комисија, излезноста на изборите била 45%.