Loading Video...
Балкан
17. March 2023 - 16:36

Вучиќ и Курти доаѓаат во Охрид со спротивставени очекувања

Соединетите Држави  се оптимисти дека утрешната  средба Вучиќ –Курти во Охрид за нормализација  на односите  помеѓу Србија и Косово  ќе донесе позитивни вести. Ке се разговара за Анексот за имплементација на европскиот предлог, претходно познат како француско–германски  план за кој Вашингтон смета дека нуди огромни можности за воспостување мирни, одржливи  и продуктивни односи помеѓу двете страни.

- „Сакаме да обезбедиме целосна поддршка за секој исход што носи мир во регионот и ги зголемува можностите за соработка меѓу Белград и Приштина и му овозможува на целиот регион да стане полноправна членка на евро-атлантската заедница. Очекуваме позитивен исход од средбата во Охрид. Јас сум голем оптимист дека ќе се постигне мирно решение. Се надевам дека ќе имаме добри вести по сабота, исткана Ескобар.

Според специјалниот американски пратеник  за Западен Балкан, сосема е можно оваа година српскиот претседател и косовскиот премиер  да постигнат договор. Во пресрет на состанокот  во Охрид , Ескобар  ги посети и Вучиќ и Курти. Со нив разговараше и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово, Мирослав Лајчак. Ги зеде нивните предлози за деталите и роковите  за тоа како би се спровел договорот за да врз основа на нив   ЕУ подготви план за кој ќе се разговара утре. Косовскиот премиер  изрази оптимизам  дека ќе се постигне договор  додека спрксиот претседател  излезе со поинаква пораќа -  во Охрид не треба да се очекува судбосен ден.

- Јас сум оптимист, но дали средбата ќе успее или не, вие добро знаете дека не зависи само од мене. Се понудив да го потпишам европскиот предлог на 27 февруари во Брисел, но другата страна ниту беше подготвена ниту заинтересирана изјави Курти.

 Домиќини на Вучиќ и Курти ке бидат  шефот на европската диломатија Жозеп Борел  и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак. Агендата  е објавена. Прво се предвидени одвоени средби на Борел  Лајчак со двете делегации, а потоа е предвидена и заедничка средба. Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан  ќе учестува како набљудувач на средбите. По завршување на сите состаноци,најавено е обраќање на Борел пред медиумите.