Вучиќ: ЕУ, Русија, Кина и САД се стратегиските цели на српската надворешна политика
Развивање на односите со Европската унија, Русија, Кина и САД ќе биде стратешка цел на новата српска Влада, изјави денеска Александар Вучиќ на неговата последна прес-конференција како премиер на Србија, пред да стапи на претседателската функција.
- Ние треба да работиме многу и да го градиме имиџот на Србија, за да можеме да се потпираме на помошта од меѓународната заедница. Сигурен сум дека ЕУ ќе биде стратегиска цел на Владата, како и продолжување на пријателските односи со Русија, Кина и САД, нагласи Вучиќ.
Претходно денеска, Вучиќ наведе дека земјата нема да стане членка на НАТО, јави ТАСС.
Тој истакна дека Србија сака да остане воено неутрална земја и поради тоа инвестира средства во нејзината одбрана.
Тој забележа дека членството во НАТО би можело да реши многу проблеми, но би го вознемирило населението, бидејќи тое би било против волјата на 75 отсто од нив.
Одговарајќи на прашање на лидерот на радикалите Воислав Шешељ за тоа колку време планира „да седи на две столчиња“ и да води политика со Русија и со ЕУ, Вучиќ потенцираше дека „за него се приоритет интересите на Србија“.
- Тоа не се „две столчиња“. Шешељ избира еден од столчињата отстрана, а јас ја избирам таа во средината, српскиот столица, и не сакам да изберам друга, посочи новоизбраниот српски претседател.
Зборувајќи за проектот за Голема Албанија, што предвидува обединување на сите територии на кои живеат Албанци (Албанија, дел од Грција, половина Македонија и Косово), Вучиќ истакна дека тој е неисполнив и дека Србија ќе направи се што е можно со цел да попречи за негово остварување.
Ново на Сител
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија