Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови лица, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до нацијата, цитирано од српската јавна телевизија РТС.
Вучиќ изрази надеж дека владата ќе биде формирана во следните два дена и рече дека повеќе од 30 отсто од неа ќе бидат „целосно нови луѓе“.
Останатите ќе бидат луѓе кои покажале резултати во претходниот период.
На 17 декември 2023 година во Србија се одржаа предвремени парламентарни избори, а локални избори во Белград и во 64 други градови и општини.
Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија на Вучиќ освои 129 места, додека опозициската коалиција Србија против насилството стана втора сила во парламентот со 65 места.
Српскиот претседател ја потврди и посетата на неговиот кинески колега Си Џинпинг на Белград, која ќе се одржи на 7 и 8 мај.
Вучиќ посочи дека во Србија ќе се реализираат проекти за забрзан технолошки развој во области каде земјата нема доволно знаење, како роботика, сателитски технологии, летечки автомобили.
Ново на Сител
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите