Вучиќ: Брисел бара формирање на ЗСО
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа во Брисел, по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи, дека Европската унија и порачала на косовската страна дека мора да го исполни договорот за формирање Заедница на српски општини. Сепак тој изрази скептицизам дека тоа и ќе се исполни.
- Албанците ќе речат дека ќе го направат тоа следната недела, по стоти пат. Но тоа нема да се направи, изјави Вучиќ во директното телевизиско вклучување од Брисел, пренесува Танјуг.
Тој посочи дека во текот на разговорите биле анализирани точките од седум до 15 од Бриселскиот договор кои Србија ги исполнила, но дека првите шест кои требало да ги исполни косовската страна - не се исполнети и оти тоа „не е вина само на Албанците“.
Вучиќ изјави дека на високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и порачал оти Србија е на европскиот пат и дека ќе направи се што може на тој пат, но нема да се укине сама себе.
- Не можете да очекувате Србија да го укине своето постоење, бидејќи сметате дека притисокот е толку силен и оти поради економијата и иднината на нашите деца сами ќе ја укинеме својата државност, раскажа Вучиќ делови од разговорот со Могерини.
Тој потенцираше дека со Албанците мора да се најде компромисно решение за Косово и оти многумина очекуваат тоа да се направи пред новите европски избори, но тој не знае дали до тоа ќе дојде.
Ново на Сител
-
Македонска гордост
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања