Вучиќ: Бидете сигурни, во Србија нема да се случи „македонско сценарио“
Александар Вучиќ ги поврзува поранешните настани од Македонија од 2016 година со сегашните случувања во Грузија, но и потенцира дека такво сценарио нема да се случи во неговата земја.
Вучиќ во изјава за српските медиуми информирал дека видел видеа од Грузија, како 7-годишно дете фрла предмети кон тамошната полиција.
„Кој го објави тоа, каде се неговите родители? Прво го објавија западните медиуми, оние кои ги поддржуваат демонстрациите во Грузија, а потоа и каналите на Телеграм. Зошто некој се фали со учество на 7-годишно момче? Мислите дека е генијално што ги обоија бекатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите дека тоа беше нивна идеја? Најдете снимки од 2016 година, истото сценарио (се случуваше) во С.Македонија. Токму на ист начин го бојадисаа и главниот плоштад во Скопје. Шефот и спонзорот секогаш се исти, а жртви беа народите врз кои спроведуваа обоени револуции. Тоа нема да се случи во Србија, бидете сигурни“, изјавил Вучиќ.
Шарената револуција во Македонија беше протестно движење кое започна како резултат на одлуката на тогашниот претседател Ѓорге Иванов да прогласи аболиција за сите осомничени и обвинети политичари во истрагата за незаконското прислушкување.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб