Втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде регистрирана до 15 октомври
Министерството за здравство на Руската Федерација ја започна постапката за регистрација на вакцината ’EpiVacCorona’. Процедурата за регистрација се планира да заврши до 15 октомври, се наведува во соопштението.
До 20 септември од последици со Ковид-19 починаа 950.000 луѓе ширум светот. Епидемиолошката ситуација и понатаму најсериозна е во Северна и во Јужна Америка, каде бројот на новозаболени минатата недела се зголемил за 38 проценти, а морталитетот се намалил за 22 отсто.
Како што пренесува агенцијата ТАСС, вакцината ќе се произведува во индустриската фабрика на истражувачкиот центар „Вектор“.
По регистрацијата на вакцината, ќе започнат клинички испитувања со учество на волонтери постари од 60 години, како и лица со хронични заболувања.
На 24 јули, истражувачкиот центар Вектор доби дозвола од руското Министерство за здравство да спроведе клинички испитувања на вакцината врз доброволци.
Инаку денеска СЗО објави дека бројот на новозаболени од Ковид-19 во светот во периодот од 14 до 20 септември забележа раст од речиси два милиона, додека бројот на починати се зголеми за 37.700, соопшти синоќа Светска здравствена организација.
Според неделните податоци на СЗО, бројката на официјално потврдени случаи со новиот коронавирус се искачи над 30,6 милиони, што е за шест отсто повеќе во споредба со претходната недела.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери
-
Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог
-
Приведени двајца кумановци поради кражба