Loading Video...
Фудбал
18. September 2021 - 19:55

Втора МФЛ: Нова победа на Силекс, Вардар поразен од Велешта

Нови победи на Силекс во западната и Слога Виница во источната конференција од Втората МКФ со што  овие две екипи по четири одиграни кола имаат  исто толку победи. Вардар  заостанува се повеќе зад Силекс по поразот од Велешта. 
Уште една сигурна партија на Силекс во Кратово а победата беше најавена експресно со еден од најбрзите голови во мак-фудбалот што по само 15 секунди игра го постигна Антонио Каланоски за водство на домашниот тим. 
Уште поинтересно е што долго се играше до вториот погодок за Силекс кој го постигна Танушев во последната минута од средбата. 
Со оваа победа Силекс по четири одиграни кола има максимални 12 бода, 5 повеќе од Тетекс и Кораб. 
Нашиот најтрофеен клуб Вардар  доживеа непријатен пораз од Велешта и останува на четири бода. 
Гостите од Скопје  први го отворија резултатот преку Николов во финишот од првото полувреме но во второто доминираа домаќините и со головите на Даути и Лена од пенал  направија пресврт за конечни 2-1. 
ЕЗУЛТАТИ – 4.КОЛО
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 2:0
ВЕЛЕШТА – ВАРДАР 2:1
БЕСА – КОРАБИ 1:2
КАДИНО – ГОСТИВАР 0:0
ОХРИД – ТЕТЕКС 0:1
 
 
РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО
БРАТСТВО – КИТ ГО 0:4
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА 1:2
САСА – ДЕТОНИТ 1:0
СЛОГА (В) – ПОБЕДА 2:1
ОСОГОВО – ТИМ ЛОКОМОТИВА 2:2