Втора македонска туристичка берза
Повеќе од 150 туристички работници, претставници на туристички агенции, хотели, ресторани, винарии, музеи, туристички водичи, транспортери, студенти и владини претставници ќе учествуваат на Втората туристичка берза во Македонија што ќе се одржи на 21-ви на 22-ри месецов во Скопје.
Во фокусот на настанот, што под слоганот „Сите сме дел од истата туристичка приказна“ го организира Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ), се состојбите и перспективите на дојдовниот туризам. На овој начин, според претседателот на НАИТМ, Влатко Сулев, ќе се зголеми свесноста за важноста на дојдовниот туризам во Македонија како туристичка дестинација и ќе се подобри соработката меѓу сите чинители во дојдовниот туризам.
- Време е дојдовниот туризам како индустрија што остварува извоз да го добие своето заслужено место во нашето општество. Нам, како НАИТМ, ни треба малку ветер во грб за подобро да ја позиционираме Македонија на регионалниот и на европскиот пазар. Не може и не смее производителот на јаболка да биде во ист кош со увозникот на јаболка. Тоа е исто со инкаминг (дојдовниот туризам) и со оутгоинг (излезниот) туризам. Едниот значи увоз, другиот извоз, изјави за МИА Сулев.
Како што објаснува, Втората туристичка берза се организира за подобро меѓусебно запознавање на различните групи чинители во дојдовниот туризам, за разбирање на бизнис потребите, повисоко ниво на меѓусебна комуникација и полесно прилагодување на потребите на странските и домашните гости согласно последните светски трендови. Исто така, на берзата ќе се утврдат различните проблеми со кои се соочува секторот, како што се еколошките, законските, административните и останатите проблеми, културно-историските споменици, а ќе бидат понудени и решенија и искуства на членовите на НАИТМ. Воедно, настанот треба да овозможи и доближување на студентите до реалниот сектор преку директно запознавање со претставниците во секторот и да се испрати порака до младите дека тие се иднината на дојдовниот туризам.
Првата туристичка берза во Македонија, а и на Балканот, беше организирана минатата година, кога учествуваа 80-ина претставници на туристички агенции, хотели, ресторани, винарии, превозници, туристички водичи, музеи, Македонска православна црква и институции.
Ново на Сител
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија
-
Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници | ВИДЕО
-
„Ниту една казна нема да биде доволно“ - Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче
-
Во домот на напаѓачот во Грац пронајдено проштално писмо
-
Илјадници протестираа во Њујорк против имиграциската политика на Трамп
-
Турската полиција уапсила над 270 криумчари и над 1.000 илегални мигранти во последниве две недели