Loading Video...
Балкан
28. May 2023 - 16:35

Втор круг претседателски избори во Турција - според анкетите Ердоган води пред Киличдароглу

Турците денеска одлучуваат кој ќе ја води државата. Во вториот круг на престедателските избори силите ги одмеруваат актуелниот престедател Ердоган и опозицискиот кандидат Киличдароглу. Анкетите предвидуваат победа на Ердоган, со 52 до 55 проценти од гласовите. Инаку, за турската дијаспора гласањето е веќе завршено и милион и пол гласови од странство се стигнати во Анкара. На избирачките места својот глас го дадоа и претседателските кандидати. Првиот круг покажа дека Ердоган има мала но значајна предност. На 14 мај тој освои 49,5 проценти, а неговиот противник 45 насто од гласовите.

Коалицијата на Ердоган на општите избори стана и водечка сила во турскиот парламент. Во очаен обид да се избори за повеќе гласови, опозицијата меѓу двата круга вети протерување на сириските бегалци од земјата.Турција тешко се справува со огромниот бегалски бран, во кој има над 3,5 милиони сиријци, инфлацијата во земјата е огромна, лирата ја губи вредноста а штетите од катастрофалниот земјотрес допрва треба да се санираат. Во ваквите услови Ердоган ветува дека е вистинскиот човек за вистинското време, додека пак опозиционерот Киличдароглу, миленик на западот, сега игра на картата на национализмот и антимигрантскиот сентимент, притоа обвинувајќи го својот противник дека во земјата донел милиони бегалци за да гласаат за него. Во меѓувреме Ердоган ја доби поддршката и од Синан Оган, третопласираниот престедателски кандидат.