Loading Video...
Свет
3. February 2023 - 16:37

Втор ден расправа во српскиот парламент посветена на косовското прашање

Продолжува седницата посветена на Косово во српскиот парламент. Претседателот Вучиќ  повтори дека не му се допаѓа европскиот  предлог, но вели Србија  мора да го зачува мирот,  да продолжи по европскиот пат и да избегне санцкии ,а Косово не смее да остане замрзнат конфликт.. Опозицијата го обвинува  Вучиќ дека води преговори за Косово  исклучиво за зашитита на сопствените интереси и да остане на власт. Во однос на најавите дека е можно да воведе санкции кон Русија, го обвинија дека непотребно се откажува од близок партнер. 

За разлика од вчерашната , денешната седница поминува во мирна амтосфера, а ја бојкотираат пратениците  на Народната партија .

Голем бел балон лебди над САД веќе неколку дена за кој Пентагон вели дека е во шпионска мисија и и припага на Кина.. Балонот е забележан над градот Билинг во сојузната држава Монтана, каде што се наога еден од трите комплекси на подземни силоси на САД за нуклеарни ракети. 

Објектот нема да биде соборен но неговата таректорија внимателно се следи соопшти Пентагон.

Пекинг не презеде одговорност  за балонот. Инаку   Американскиот  државен секретар Ентони Бликнен треба да доптаува во официјална посета на Пекинг овој викенд.

Украина заслужува почеток на преговорите на членство во ЕУ уште оваа година им порача украинскиот претседателот Зеленски на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел кои  од вчера се во Киев.

Понатамошната интеграција во ЕУ би им дала на Украинците енергија и мотивација да се борат и покрај сите пречки и закани истакна Зеленски. Лидерите на ЕУ  ветија нови санкции против  Русија и нова помош за Уркаина но не и брзо членство во унијата. во меѓувреме  САД и Русија ги  демантираа  извештаите  на дел  од германските медиуми дека Белата куќа и ЦИА  во јанаури му понудиле на Путин 20 отсто од украинската територија во замена  за крај на војната. Такво нешто нема порачаа Белата кука и Кремљ.