Кошарка
13. July 2021 - 18:30

Втор ден подготовки на македонските кошаркари за Мундијалските пред квалификации

Македонската кошаркарска репрезентација го одработува вториот дел од подготовските за претквалификациски циклус за Светското првенство во 2023 година.
 
Во видно изменет состав, по неколкуте откажувања, како и повеќемина кооптирани млади кошаркари еден од оние кои треба да го понесат товарот во овие квалификации е најискусниот Бојан Трајковски. 
 
„Дојде тоа време кога јас треба да бидам највозрасен во репрезентацијата. Без разлика на тоа, ние на секој натпревар одиме на победа, а олеснителна околност е тоа што ќе имаме предност на домашниот терен. Склопот на млади и искусни кошаркари ќе донесе позитивен резултат, дека младиве ќе ни бидат ветер в грб и мислам дека тоа ќе биде пресудно во овој претквалификациски циклус Мислам дека и тие помлади кошаркари веќе го пробија мразот, го имаа првото искуство со репрезентацијата и сега знаат што и како треба.
Не чувствуваме никаков притисок, имаме еден месец за подготовки, а му посакувам добредојде и голем успех на новиот селектор и мислам дека заедно ќе направиме добар резултат“, изјави искусниот Трајковски
 
Утре кошаркарите ќе заминат за Маврово каде ќе ги одработат физичките подготовки, по што се враќаат во Скопје, каде ќе ги винализираат подготовките за турнирот што ќе се игра од 12 до 18 август.
 
Противници на Македонија во овие предквалификации ќе бидат селекциите на Словачка и Швајцарија