Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови
Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт на РМ вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани.
Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, за МИА изјави дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Има, како што вели, најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе биде исплатен утре, но засега нема промена на нашата одлука.
Согласно со Одлуката од 2 ноември 2021 година машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата. Поради истата причина бојкот имаше и во август лани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација