Врвот на заразата од корoнавирусот во Германија се очекува дури во јуни
Пикот на заразата од коронавирусот во Германија може да се очекува дури во јуни, пресметале научниците од Универзитетот „Јоханес Гутенберг“ во Мајнц и на Универзитетот во Хамбург.
Во време на врвот на кризата со коронавирусот може истовремено да заболат околу 1,3 милиона лица, тврдат научниците.
Завршувањето на епидемијата во Германија се очекува дури во август.
Министрите за внатрешни работи на сојзуната држава и на покраините, преку телефонска конференција, се усогласиле дека ограничувањата на слободата на движење и на контактите треба да останат во сила.
Како што соопшти владата на покраината Тирингија, тие истакнале дека мерките мора доследно да се применуваат.
Претседавачот со конференцијата на министри за внатрешни работи, министерот од Тирингија, Георг Мајер, укажал дека преземените мерки допрва треба да почнат да делуваат и покажат резулатти.
-Се уште нема сигурни бројки дали и како тие делуваат, па затоа во овој момент нивното укинување не доаѓа во предвид, порача Мајер.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехоф апелираше до граѓаните да се приддржуваат до воведените мерки бидејќи тие спасуваат човечки животи.
Ново на Сител
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија