Вртоглав пад на продажбата на автомобили во Франција
По прекинот н апроизводството во фабриките и затворањето на продавниците како резултат на пандемијата на коронавирус, францускиот автомобилски пазар падна за 72 отсто во март.
Шокот во исто време ги погоди и понудата и побарувачката: нема клиенти кои одат во продажните салони од 16 март, а нема ни производство на автомобили во текот на втората половина на март и, во секој случај, нема продажба… Автомобилната криза во Франција поради епидемијата на коронавирус е без преседан. Бројките го отсликуваат овој пад. Во март, продажбата на автомобили во земјата опадна за 72 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, вели Комитетот на француски производители на автомобили.
Изминатите неколку дена беа економски погубни. Според Аутовајс, компанија со лиценца за пристап до системот за регистрација на возила при Министерството за внатрешни работи, помеѓу 18 и 30 март – за време на мерките за ограничени движења – бројот на регистрациите паднал за 94 отсто ако се спореди со истиот период од 2019 година.
Тоа значи целосно запирање на автомобилскиот пазар, кој реално работеше до петокот 13 март. Во текот на еден поширок период, во првиот квартал се забележува пад од 34 отсто. И, вториот квартал се чини дека е на добар пат да постигне тажен рекорд со иста големина.
Од кризата се подготвени сите производители. Почнувајќи од француските ПСА (Пежо, Цитроен, ДС, Опел), кој забележа пад на регистрација за нови патнички автомобили (- 73,4 отсто), како и групата Рено (- 71,6 отсто), со Дачија и Алпин.
Групата Фолксваген (Ауди, Шкода, Сеат, Порше), водечки увозник, падна за 78,9 отсто во март. БМВ (Мини) и Дајмлер (Мерцедес) паднаа за 61,8 отсто и 73,8 отсто, соодветно. Групата Хјундаи (Киа) доживеа нешто помалку катастрофална судбина (-55,1 отсто), како и Тојота (-57,9отсто). Другите главни играчи на пазарот, Форд (- 80,1 отсто), Фиат Крајслер (- 82,5 отсто), Нисан (- 75,2 отсто).
Ново на Сител
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
-
Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч
-
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-
Експлозија во трговски центар во Русија | ВИДЕО
-
Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието