Врховниот суд на Абхазија ги поништи претседателските избори
Одлуката на Врховниот суд на Абхазија, со која се поништени резултатите од претседателските избори и е наложено одржување на нови, стапи во сила.
Според пресудата, претседателските избори одржани на 8 септември 2019 година, како и одлуката на Централната изборна комисија, се прогласени за неважечки.
На септемвриските избори, според резултатите на ЦИК, победи актуелниот претседател Раул Хаџимба со 47,39 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат освои поддршка од 46,17 проценти од гласовите.
Хаџимба и неговите приврзаници најавија жалба на судската одлука.
Политичката криза во грузиската република Абхазија достигна максимум пред два дена кога демонстранти, кои бараат оставка на Хаџимба, влегоа во зградата на Претседателството.
Претседателот свика итна седница на Советот за национална безбедност, по која изјави дека би можело да биде прогласена вонредна состојба.
Истовремено, на итната седница на Парламентот била усвоена резолуција со која Хаџимба е повикан да поднесе оставка.
Ново на Сител
-
Седница на Централното претседателство на ДУИ
-
МВР: Приведени осомничени крадци во Куманово
-
Клиника „Козле“: Стручна комисија и стручниот колегиум не најдоа лекарски пропуст во третманот на починатото дете
-
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември
-
Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле
-
Претставници на студентите од УКИМ бараат од МОН да се преразгледа бројот на стипендии за студентите
-
Временските услови оптимални за есенска сеидба
-
Комити Запад: Актуелното раководство во целост е неспосбно да води клуб како Вардар