Врховен ги одби барањата за преиспитување на пресудата од осудените за убиството на Тот
Советот за казниви дела при Врховниот суд, на седницата одржана на ден 07.02.2024 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, соопштија денеска од судот.
- Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани, информираат од Врховниот суд.
Обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Лефковска беа осудени казна затвор од по 18 години, а третообвинетиот Андреј Костовски на казна затвор во траење од 16 години.
Ново на Сител
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова