Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Локални врнежи од дожд се можни во претпладневните часови во источните елови од земјата. Во текот на утрешниот ден ветерот ќе биде слаб до умерен и претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
И во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, а во некои делови и засилен ветер од јужен правец. Дневната температура до четврток нема значително да се менува, а во петок ќе бележи благо опаѓање.
Ново на Сител
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ