Македонија
2. November 2017 - 8:08

Времето со нови изненадувања - што не очекува викендов?

Во Македонија денеска по студеното утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -6 до 4 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со пораст на температурите. 

Ќе дува доумерен слаб северозападен ветрер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб западен и југозападен ветер. Максималните дневни температури денеска низ Македонија ќе достигнат до 11 односно до 20 степени. Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со пораст на температурата. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени. 

Во петок и сабота се очекува потопло утро со дополнителен пораст на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -2 до 7 односно од 0 до 9 степени. Во текот на денот времето ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време со дневни температури кои што ќе достигнат од 11 до 20, односно од 9 до 18 степени. Во недела по студеното утро со утрински температури од -4 до 5 степени, преку ден ќе биде претежно сончево и топло време со дневна температура од 11 до 20 степени. Во понеделник ќе имаме претежно сончево и топло време. Минималните температури ќе бидат од -2 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 21 степен.