Свет
9. January 2018 - 11:32

Времето полуде: Во Сахара падна снег, шокантна глетка - се забели пустината

Информациите за времето кои стигнуваат од различни делови на светот, не престануваат да не изненадуваат.

Додека Америка се бори со студеното време и ледените бури, а Австралија со горештини, во Сахара падна снег.

Снегот падна во неделата, на подрачјето на Аин Сефра, кое се наоѓа на северот од Алжир.

Навистина не се забели целата пустина, но на снимките се гледаат траги од снег, а некои од песочните дини се покриени со снежна покривка.