Времето денес нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денес претпладне во источните делови ќе биде нестабилно, а од пладне променливо и нестабилно ќе биде на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Температурите ќе се дцижат од 8 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилност со променлив интензитет проследена со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено денес и утре кога се очекува на повеќе места процесите да бидат поинтензивни. Во останатите денови од работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет. Во среда дневните, а во четврток утринските температури ќе се пониски за два до три степени.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг