Македонија
10. July 2016 - 8:48

Времето денес ќе биде сончево и топло со температури до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево,попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 35 степени.

Следува период на претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и 39 степени. Од четврток температурите ќе бидат во благо опаѓање и ќе има нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи.