Временска прогноза за продолжениот викенд
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.
До петок ќе се задржи претежно сончево и топло време, а услови за краткотраен дожд ќе има попладне само во планинските региони. Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја во недела попладне и во ноќните часови кон понеделник и тој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од недела вечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер. Во понеделник ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.
Ново на Сител
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста
-
Калас утре во Скопје, Мицкоски убеден дека ЕУ ќе најде решение за македонската интеграција
-
Зибери: Институциите не реагираат навремено на препораките на омбудсманот
-
Преглед на вестите од светот
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП
-
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер е во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи