-->
-->
Времен сообраќаен режим во населбата Оризари, Кочанско
-->
Општина Кочани воведе времена измена на режимот и условите на сообраќајот на улицата „Тодосија Паунов“ во населбата Оризари крај Кочани кој ќе важи од денеска до 20 септември.
Изменетиот режим на сообраќај, како што истакнуваат од општината, се воведува поради изведување градежни активности – изградба на лента за исклучување кон новоизградената улица „Гоце Делчев“ во населбата Оризари и на Оризарски мост.
Паралелно со овие активности ќе се врши и гребење на асфалтниот коловоз и поставување нов асфалт на улицата „Тодосија Паунов“ во Оризари.
Се предупредуваат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и да ја почитуваат времено поставената сообраќајна сигнализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец