Македонија
28. July 2020 - 14:55

Времен сообраќаен режим на улицата „Босна и Херцеговина“

На улицата „Босна и Херцеговина“ утре од 6 до 12 часот ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

– На улицата „Босна и Херцеговина“ на потегот од крстосница со булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ до раскрсница со улицата „Кемал Сејфула“ и улицата „Александар Урдаревски“ ќе се врши прекоп, поради што сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Ваквата времена измена на сообраќајот, посочуваат од Град Скопје, е поради реализација на активности од проектот „Втора фаза со улично осветлување од изградба, одржување и реконструкција на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Општина Бутел“ – Скопје.