Времен сообраќаен режим на дел од булеварот „Партизански одреди“ во Влае
Град Скопје соопшти дека поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, денеска во периодот од 10 до 18 часот дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Поради затворање на сообраќајната делница поради асфалтирање во правец од Ѓорче Петров кон Карпош, на потегот од кружниот тек кај Порта Влае до мостот Влајко, сообраќајот ќе се одвива преку улицата „Ацо Шопов“, па десно по улица „Иван Цанкар“ каде возилата ќе се вратат на булеварот „Партизански одреди“ пред мостот Влајко.
Поради овие градежни работи целосно ќе се пренасочат и автобусите од јавниот превоз, каде во правецот Ѓорче Петров - Центар, автобусите ќе сообраќаат по истата рута, а денеска нема да функционира автобуската постојка бр. 292 - Порта Влае.
Од Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците