Вреди ја напуштија собраниската седница
Пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.
Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14. седница кој пратениците и по два часа од почетокот со работа се уште го утврдуваат.
На барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски дневниот ред е дополнет и со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.
Во тек е пауза на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој реагираше дека законот се предлага по скратена пстапка, без претставник на Владата.
Претходно, Аднан Азизи од Вреди повторно ги повика пратениците од оваа коалиција да ја напуштат седницата, откако реплицираше на процедурална забелешка на координаторот на ДУИ Блерим Беџети.
Беџети ги обвини Вреди за хипокризија со тоа што дозволиле законот за бранители по скратена постапка на предлог на Славјанка Петровска од СДСМ да стане дел од дневниот ред.
-Европскиот фронт нема да го поддржи овој закон, но вие сте парламентарно мнозинство и требаше да стопирате ова да не се изгласа, рече Беџети.
Азизи пак посочи дека ДУИ биле долги години на власт и не го донеле законот за инвалидите на УЧК и нивните семејства, како и дека се обидуваат да враќаат националистички теми продавајќи патриотизам.
Ново на Сител
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД