Македонија
21. July 2017 - 16:18

Вработените во СОЗР два месеци без придонеси за здравствено осигурување

Близу 400 вработени во Службата за општи и заеднички работи при Владата веќе два месеци немаат здравстевно осигурување. Од Фондот за здравтесвно осигурување за Сител потрвдуваат дека вработените во СОЗР немаат основ за осигурување заради судска пресуда. Имено со одлука на судот еден од вработените во Службата е вратен на работа и треба да му бидат исплатени придонесите за период од мај 2009 до октомври 2014 година. Додека не биде подмирен овој долг, никој во службата нема да има осигурување за здравство.

Од Владата велат дека се работи за наследен проблем, оставен од претходниот директор. Решението за случајот е веќе подготвено и се чека да помине ребалансот на буџетот во Собрание за истото да се реализира.

Вработените во Службата за општи и заеднички работи при Владата во јуни и јули секое одење на лекар или во аптека си го подмируваат од сопствен џеб. Им било речено сите сметки да ги чуваат и дека веднаш по решавањето на проблемот, парите ќе им бидат вратени.

Службата за општи и заеднички работи при Владата врши општи работи и услуги за потребите на Претседателот, Владата, министерствата и Уставниот суд. Тука влегуваат сметководствено-финансиски услуги, внатрешно и надворешно одржување на објектите, нивно обезбедување, одржување хигиена, ги врши сите набавки на мебел и опрема, како и угостителските услуги. СОЗР ги врши и гардежните работи и рекострукциите за овие институции.