-->
-->
Вработените во Култура повторно на протест пред Влада за повисоки плати
-->
Денеска од 13 до 15 часот, повторно пред Владата излегуваат на протест вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм.
Преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.
Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.
Вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина