Вработените во игри на среќа на протест пред Собрание
„Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) денес, 10.01.2024 г. (среда), пред Собранието на РСМ од 12:00 – 13:00 часот ќе одржат јавен собир.
Во 12:30 часот предвидени се и изјави за медиумите од страна на претседателот на АСОМ, Васко Илијевски и претставникот од АПИС, Горан Стоименов.
За време на собирот најавено е и затворање на улицата „11-ти Октомври“ пред Собранието на РСМ, а се очекува присуство и на голем дел од вработените од секторот на игри на среќа.
Поводот е закажаната седница на Комисијата за европски прашања каде на дневен ред е второ читање на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Предлог законот, согласно Заклучокот од првото читање на седницата одржана на 27.12.2023 г., беше изгласан за прифатлив, со што истиот денеска се наоѓа на натамошно, односно второ разгледување, што е на чекор пред конечно донесување на пленарна седница во Парламентот. Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени“, се вели во соопштението испратено од АСОМ.
Ново на Сител
-
Полицаецот кој спречи девојка да се самоубие во Тетово повреден е од ножот кој го држела во рака, Тошковски ќе го награди
-
Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските олимписки игри
-
Последиците од пожарот во Езерани | ВИДЕО
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година
-
Шест студенти се удавија во рудник во Кина