Вработените во Еурокомпозит ќе добијат една плата од државата, но се бара и трајно решение за загубарот
Вработените во Еурокомпозит наредната недела ќе добијат една плата од државата.
На денешната средба со премиерот Заев, покрај исплатата на платата, им било ветено дека се бараат системски решенија за трајно решавање на егзистенцијата на 240 вработени во прилепскиот загубар.
Од Владата најавија дека ја разгледуваат опцијата и колку пари ќе бидат потребни за набавка на потребните материјали, со цел да се овозможи производство, но и да се прошири опфатот за Законот за материјално обезбедување невработени лица, поради приватизација претпријатија со доминатнатна државна сопственсост, заклучно со 31 декември 2017 та година.
На овој начин на 100 тина лица над 60 години ќе им се обезбеди егзистенција.
Со добро менаџирање Еурокомпизит може да работи и да произведува за потребите на МВР, одбрана и други договорни страни, пренесоа од Синдикатот на Еурокомпозит.
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино