Вработените во „Еурокомпозит“ бараат плата и нов директор
Да им се исплати плата и да биде назначен директор, зашто работат без управни органи, побараа вработените и синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ на денешнарта прес-конференција во кругот на фабриката.
Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, ништо не е решено со компанијата, а роковите изминуваат.
- Помина месец и половина откако ја зедовме првата плата, а друга плата нема според договорот постигнат со Владата. Освен тоа, работиме, вчера имавме и испорака на произведеното, но немаме директор откако претходниот си поднесе оставка на 29 март. Ниту има назнака дали е профатена оставката. Ништо не е решено од договореното со Владата дека секој месец ќе добиваме плата, а за шест месеци ќе се реши судбината на компанијата и ќе има стратегиски инвеститор. Бараме за два дена да има решение, во спротивно од понеделник ќе продолжиме со протести, блокади, а ќе одиме и пред Владата, изјави Богданоски.
За Лазар Ангелески, претставник на гранковиот синдикат СИЕР при Сојузот на синдикатите на Македонија, беспотребно е загубено времето.
- Работите тапкаат во место. Иако вработените работат, но нема раководство и нема ниту кој да донесе или да потпише одлуки за што било во „Еурокомпозит“. За да се избере директор треба време: прво да се состанат акционерите, па управен одор, па потоа и директор. Нема ниту назнака од пакети за технолошки вишок, всушност, нема кој да ја спроведе постапката. Ова е и еден апел во најбрзо време да се реши ситуацијата, вели Ангелески.
Информација, велат од Синдикатот, е испратена и до Владата, а вработените се подготвени и на колективен отказ ако тоа е решението.
Ново на Сител
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба
-
Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје
-
Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО
-
Мицкоски: Унгарскиот кредит за компаниите ќе придонесе за задвижување на економијата