Вработените од Министерството за култура на протест, бараат зголемување на платите
Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм денеса се собраа на протест пред Министерството за финансии, изразувајќи незадоволство поради своите месечни примања.
Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.
Тој додаде дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење. Но по само неколку дена, како што напомена, со Законот за буџетите се утврди зголемување на платите од 30 отсто за вработените во Министерството за финансии.
- Ние го поздравуваме зголемувањето на платите на нашите колеги од Министерството за финансии, но истовремено бараме од министерот за финансии, Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи. Ги охрабруваме и нашите колеги во другите министерства да ни се придружат и заеднички да се избориме за она што ни следува. Ние имаме поддршка од раководството, од одговорните лица во Министерството за култура и ќе продолжиме по институционален пат да бараме покачување на платите, рече Костовски.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?