Возот од Велес утрово не тргна за Скопје
Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, информираат за МИА од Железничката станица во Велес.
Според возен ред од Железничката станица во Велес, овој воз требало да тргне во 6:27 часот.
Голем број од велешани кои наутро патуваат со овој воз на овој патен правец, а попладне во 16:55 часот се враќаат, се ученици, студенти, или вработени во Скопје па имаат месечен или билет со попуст.
Тие денеска беа револтирани што мораа да се изложуваат на дополнителни трошоци и бараат од ЈП МЖ -Транспорт што поскоро да го оспособи овој воз.
Инаку, утрово од Велес за Скопје тргнаа локалниот воз во 5:03 минути и возот од Битола кој според возен ред од станицата во Велес поаѓа во 5:46 часот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети