Живот
8. January 2016 - 12:01

Вознемирувачко: Се занесе пишувајќи на мобилен, падна во река и се удави

Ова страотно видео од Кина нека ви биде последна опомена добро да внимавате додека разменувате пораки преку телефон.

Имено една жена толку се занела куцајќи пораки на телефон што не гледала каде оди и паднала во река, по што се удавила.

Властите ја објавија снимката од безбедносните камери за да ги предупредат граѓаните на можните последици од зависноста од мобилните.

28-годишната жена, мајка на две деца се враќала од работа.

Кога не си дошла на време, мажот го пријавил исчезнувањето, а телото е пронајдено другиот ден во реката.