Вознемирувачко: Погрешен метод за отстранување на тетоважа
Девојка се истетовирала пред една година, но по некое време се предомислила па се решила да ја отстрани тетоважата.
Дваесет и едно годишна студентка го споделила своето лошо искуство со светот покажувајќи што може да се случи доколку решите да отстраните тетоважа со погрешен метод.
Пасуда Реав од Тајван истетовирала голема ружа на своите гради. Таа ја направила тетоважата пред една година. Но подоцна се вработила и поради тоа сакала да ја отстрани тетоважата бидејќи сакала да изгледа попрофесионално на работното место.
Таa се обидела со Рејуви методот. Тоа е отстранување на тетоважа со помош на хемикалија. Подлегнала на процесот во февруари, но по неколку дена кожата се вцрвенила и почнала да отекува.
По два месеци таа се решила на отстранување на тетоважата со ласерски третман но поради првиот несупешен обид за отстранување на тетоважата таа останала со голема лузна на градите.
-Ги споделив фотографиите за да им покажам на луѓето дека треба многу да размислат пред да си направат тетоважа на своето тело.
Ново на Сител
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски