Свет
22. April 2018 - 14:30

Вознемирувачко: Гнасно убиство во пренос во живо - Новинар снимаше искршен банкомат, го покоси куршум во глава

Новинар од Никарагва е убиен во текот на јавување во живо од насилните антивладини протести.

Анхел Гаона се јавувал во живо од крајбрежниот град Блуфилдс, на југот на земјата, кога се слушнал истрел и тој паднал на земја крварејќи од главата, покажуваат снимките.

Тој го опишувал уништениот банкомат додека го снимал со телефон, а камерманот снимал зад него. Според локалниот весник Ел нуево диарио, тој настанот го пренесувал во живо на Фејсбук.

Истрелот го прекинал неговото јавување и Гаона паднал низ скалите пред зградата. Додека лежел, луѓето го извикувале неговото име и потрчале да му помогнат.

Според локалните медиуми, новинарот подоцна починал, а уште не е јасно кој пукал во него.

Никарагванскиот весник Ла Пренса наведува дека на тоа место вооружени биле само полицијата и групите кои се борат против демонстрантите.

Да потсетиме,  во Никарагва веќе неколку дена се одржуваат демонстрации против плановите на владата да ги намали пензиите и работничките права, а во нередите загинаа најмалку 10 луѓе.