Живот
11. December 2015 - 10:34

Вознемирувачко: Фудбалер од Хондурас убиен од заседа

Фудбалскиот репрезентативец на Хондурас Арнолд Пералта е убиен со огнено оружје во татковината, потврди неговиот клуб Олимпија.

Локалните медиуми наведуваат дека Пералта (26) е убиен во градот Ла Сеиби кога на паркингот, при излегување од трговски центар на него пукало лице на мотор,

-Со жалење констатираме дека нашиот играч Пералта е убиен. Сочуство до семејството, напишано е на Твитер профилот на Олимпија од Тегусигалпа.

Пералта годинава се врати во татковината, откако сезона ипол одигра во Глазгов Ренџерс. За репрезентацијата на Хондурас одигра 20 натпревари.