Возилото на НГШ Васко Ѓурчиновски, враќајки се од службен пат, во Косово се запалило во движење, нема повредени
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, вчера во Косово имал помала сообраќајна незгода при што се запалил автомобилот со кој се превезувал.
Од Генералштабот на Армијата соопштија дека началникот на ГШ Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при враќање низ Косово по автопатот меѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, ненадејно избувнал оган кај моторниот дел на автомобилот но, благодарение на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето, е изгаснат за многу кратко време.
Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома.
-Возилото веднаш по првиот знак на палење, безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето, истото е транспортирано во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на ГШ.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи