Возило излета од патот Извор - Велес и удри во канал, пет лица повредени
Вчера во 18.00 часот на регионалниот пат Извор-Велес, пред крстосницата за с.Војница, патничко возило „Форд Галакси“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А. (22) од с.Г.Јаболчиште, излетало од коловозот и удрило во земјен брег од канал за атмосферски води.
Притоа, со повреди се здобиле возачот и четири сопатници.
Тие со две возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, каде по извршениот лекарски преглед тешки телесни повреди биле констатирани кај лицето И.А. (47) од с.Г.Јаболчиште, кој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Останатите се здобиле со телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.
Ново на Сител
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование