„Вози право, вози здраво“- трка за чисти транспортни средства
Во Скопје денеска ќе биде одржана ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ 2. Трката има за цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на чисти транспортни средства.
„Вози право, вози здраво 2“ ќе се одвива во два дела, ревијална трка и забава. Трката ќе стартува во 17 часот од СТБ Детскиот велодром во паркот „Македонија“ спроти Веро Тафталиџе, а целта е на влезот во Градски парк, зад споменикот на Гоце Делчев. За сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а броевите на учесниците ќе учествуваат во извлекувањето на наградната лотарија богата со вредни награди. Организатор на трката е Стопанска банка АД - Скопје.
Поради трката во периодот од стартот во 17 часот ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим долж улиците „Јуриј Гагарин“, „Франклин Рузвелт“ и Булеварот „Илинденска“.
За безбедноста и регулирањето на сообраќајот ќе се погрижи СВР Скопје.
Ново на Сител
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин