Македонија
13. September 2015 - 9:05

„Вози право, вози здраво“ - проект за алтернативни начини на превоз

Стопанска банка а.д. Скопје денеска во 17.30 на кеј „13 Ноември“ ќе го промовира проектот „Вози право, вози здраво“, чија цел е да ја подигне свеста за предностите на алтернативните начини на превоз и да поттикне здрави навики, особено кај најмладата популација.

Проектот планира голема ревијална трка и донација на банката во урбано-едукативен велосипедски полигон за деца.

- Ревијалната трка се очекува да биде масовно поддржана од граѓаните, но и од вработените на Стопанска банка, кои со своите велосипеди, ролерки или тротинети ќе учествуваат, донирајќи ги своите извозени „метри“ на патеката од i-bank до влезот во Градскиот парк. Трката ќе прерсне во голем настан каде за музичкиот дел се задолжени Калиопи, 5 + Бенд и диџеј Гоце (САФ). Ќе има и многу вредни награди и дополнителна забава, соопшти Стопанска банка а.д. Скопје.