Македонија
26. August 2024 - 16:02

Возел малолетничка до дома па ја гушнал и бакнал, мајката пријавила во полиција

36 – годишна жена од скопско во СВР Скопје пријавила дека на 27.07.2024, Р.Ж. од Скопје, додека ја возел нејзината малолетна ќерка (17) кон дома со неговото возило, која го познавала од порано, ја гушнал и бакнал нејзината ќерка, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.