Свет
13. March 2022 - 10:43

Воздушен напад уништи станбен блок во Чернихив | ВИДЕО

Во руски воздушен напад е уништена висококатница во северниот град Чернихив, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби.

Најмалку едно лице е убиено, а уште едно рането во нападот, додека седуммина се спасени, велат од Службата.

Видеа на социјалните мрежи покажаа црн чад како излева од деветкатницата додека пожарникарите се борат да го локализираат пожарот.