Воздухопловната федерација на С.Македонија домаќин на Светското првенство во параглајдерство

Воздухопловната федерација на Македонија од 5 до 18 август ќе го организира 16-то Светско првенство во параглајдерство што ќе се одржи во Крушево.Настанот е закажан во календарот на светската воздухопловна федерација (ФАИ).
-На првенството се пријавени околу 150 параглајдеристи од целиот свет, кои ќе настапат во три дисциплини: крос кантри – прелети, прецизно слетување и акробации. Крос кантри е трка во далечина со претходно одредени точки кои мора да се поминат. Секој пилот на крила (параглајдерист) има со него ГПС-тракер со кој точно се одредува каде се наоѓа пилотот. Има посебна интернет страница на која можат да се следат параглајдеристите во живо.Трите најдобри македонски спортисти во оваа дисциплина ќе учествуваат на светското првенство, Ѓорѓи Ристовски, Дарко Станковски и Владимир Неделковски, информира Биљана Еверетте, генерален секретар на Воздухопловна федерација на Северна Македонија.
Настанот е во организација на Воздухопловна Федерација на Македонија, Параглајдинг Клуб „Екстрема“ од Скопје и ПК „Делта” од Прилеп.
По повод 16-то ФАИ Светско првенство во параглајдерство на кое домаќин ќе бидат градот Крушево и Пелагонискиот регион, утре, 30 јули 2019 со почеток во 11 часот, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обратат директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Воздухопловната федерација на С.Македонија, Владимир Бараковски и градоначалникот на Крушево, Томислав Христовски.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина