-->
-->
Возач претепа студентка во автобус
-->

Наместо да се спрема за предавање на Факултет, студентка од Смедерево заврши во болница со сериозни повреди откако ја претепа возач на автобус. За настанот да биде уште потрагичен, Џурџица Илиќ била претепана во автобус бидејќи немала ситно 40 динари колку што е картата.
Како што раскажува младата девојка за Блиц, возачот почнал да и вика бидејќи немала ситно, а таа премолчела не сакајќи да се расправа со човек кој е постар од неа и може да и биде татко. Таа перонската карта ја купила на шалтер, а повратната кај возачот. Бидејќи не работело апаратчето тој морал да ја испише картата. Почнал да вика дека нема сега да и ја пишува картата, а потоа и викал и бидејќи нема ситни пари. Ја пцуел и навредувал додека сите зачудено гледале.

Студентката сепак собрала сила да го замоли културно да и ја напише картата, а тој станал и ја нападнал. Ја земал ќесата која ја имала во рацете и ја фрлил, ја фатил ја рацете и ја турнал, а потоа ја удрил по лицето. За среќа, нејзиниот другар станал и спречил да заврши настанот уште полошо.
Во болница и констатирале повреди на вратот.
Возачот е суспендиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот