Возач излетал од пат откако му се слошило, во болница констатирале смрт
Тетовската полиција бележи смртен случај кај возач 52 годишник, кој излетал од патот откако му се слошило. Возачот се движел со сопатник, а излетувањето се случило на автопатот Тетово-Скопје.
-Во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека движејќи се со патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки по автопатот Тетово-Скопје, на Ш.Ј. (52) од тетовски Копачиндол, кој го управувал возилото, наеднаш му се слошило и излетал од коловоз. По излетувањето тој и сопатникот А.И.(62) од истото село пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, а лекарите констатирале смрт на Ш.Ј. додека сопатникот завршил со лесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а телото на починатиот предадено му е на семејството.
Ново на Сител
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците