-->
-->
Воз прегази жена во Прилеп, идентитетот непознат
-->
Ноќеска околу 23,10 часот на железничката станица во Прилеп случена е железничка незгода во која патничкиот воз кој се движел на релација Велес-Битола удрил во засега непознато женско лице, кое починало на лице место.
Од страна на ПС Прилеп излезено е на местото на настанот и извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице како и целосно расчистување на случајот.
Ова е втора трагедија во Прилеп денеска откако рано утрово околу 05,00 часот на регионалниот пат Прилеп-Скопје во сообраќајна незгода загина Влатко Т. (32) од Прилеп кој управувајќи моторцикл „Сузуки“ удрил во рекламно пано. Од здобиените повреди возачот починал на лице место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори