Македонија
20. July 2015 - 12:48

Воз прегази жена во Прилеп, идентитетот непознат

Ноќеска околу 23,10 часот на железничката станица во Прилеп  случена е железничка незгода во која патничкиот воз кој се движел на релација Велес-Битола удрил во засега непознато женско лице, кое починало на лице место.

Од страна на ПС Прилеп излезено е на местото на настанот и извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице како и целосно расчистување на случајот.

Ова е втора трагедија во Прилеп денеска откако рано утрово околу 05,00 часот на регионалниот пат Прилеп-Скопје во сообраќајна незгода загина Влатко Т. (32) од Прилеп кој управувајќи моторцикл „Сузуки“ удрил во рекламно пано. Од здобиените повреди возачот починал на лице место.