Воведена вонредна ситуација во цела Србија
По одржувањето на седниците на Штабот за вонредни ситуации и на српската Влада, а во врска со актуалните поплави, одлучено е да биде прогласена вонредна ситуација на цела територија на Србија, јави Б92.
Одлуката е донесена како превентивна мерка со која ќе се олесни и забрза дејствувањето на сите органи на Република Србија во заштитатата на животите и безбедноста на граѓаните и имотот, како и при отстранувањето на последиците од поплавите.
Севкупната ситуација е отежната и поради мигрантската криза, па на полицијата при заштитувањето на границите ќе им помага и Војската на Србија.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стафановиќ за Б92 изјави дека воведувањето вонредна ситуација било превентивна мерка, но дека сегашната ситуација во земјата бара целосното внимание.
Српскиот премиер Александар Вучиќ претходно изјави дека во случај дождот да продолжи да врне ќе се создадат услови да се прогласи вонредна ситуација на територијата на цела Србија.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија